Современиот начин на живеење и брзото темпо што тој го наметнува се повеќе се нагласуваат како клучни непријатели на здравата исхрана. Нередовната и неизбалансирана исхрана, пак, доведува до појава на замор, недостиг на енергија, а понекогаш и до појава на други тегоби и здравствени нарушувања. Поради тоа, понекогаш е потребно да се надомести недостигот на внесување витамини и минерали преку консумирање на додатоци во исхраната.
Денес на пазарот може да се најдат голем број мултиформулации на витамини и менерали од синтетичко потекло. Синтетички добиените производи се само лоша имитација на совршеноста на мајката природа. Тајната на природните производи е во совршената избалансираност на сите состојки, споевите на елементите во траги кои придонесуваат за оптимална биолошка искористливост. Човечкиот организам има механизми за препознавање на производите кои не се од природно потекло и искористливоста е до 50 отсто пониска отколку кај производите од природно потекло. Затоа, пред да се одлучите што ќе земете како додаток во својата исхрана, размислете добро и сепак почувствувајте ја чудесната моќ на природата. “Био 45” на италијанскиот производител BIOS LINE претставува формула со совршен и избалансиран спој на 15 витамини и 11 минерали збогатени со 19 фито-нутриенти. Гаранција за неговото био, односно природно потекло е и ECOCERT сертификатот што го поседува. ECOCERT претставува инспекциска и сертифицирана институција, официјално акредитирана да изврши верификација дали органскиот производ ги исполнува пропишаните стандарди. ECOCERT сертификатот е систем на контрола и сертификација на органското производство, без употреба на хемиски супстанции. За да се добие ваков сертификат, прозизводот мора да е природен или природен и еколошки, што значи 95 отсто од состојките треба да бидат од придодно потекло. “Био 45” претставува совршено избалансирана комбинација на внимателно избрани микро-нутриенти – мали елементи кои го олеснуваат и го подобруваат квалитетот на животот. Микронутриентите, како што се витамини,минерали, олигоелементи и стотици други супстанции присутни во храната, претставуваат многу ситни молекули, но незаменливи бидејки со нивното присуство организмот одлично функционира. Повеќето од овие елементи се сметаат за есенцијални, бидејќи организмот не може да ги синтетизира или да ги создава во минимални количества кои не се доволни и треба да се дополнат со исхраната.
Многу значајни од здравствен аспект за нашето здравје се фитонутриентите, супстанции кои се присутни во големи количества во растенијата. Како дејствуваат? Клетките во нашиот организам работат 24 часа во денот и поради тоа имаат потреба од големо количество енергија, со што се зголемуваат потребите за кислород и за хранливи состојки. Миконутриентите не обезбедуваат енергија директно, но се неопходни за прецизно функционирање на биолошките системи кои ја продуцираат енергијата. Маргиналниот недостиг на микронутриенти влијае на функционалната ефикасност на организмот и може да се јави состојба позната како астенија (состојба при која постои недостиг на енергија и на ентузијазам за извршување на секојдневните обврски).
11 минерали + 15 витамини + 19 фитонутриенти. Кога се препорачува? При замор и чувство на исцрпеност, астенија, интензивен психо-физички стрес, бременост и лактација, реконвалесценција, нередовна и неизбалансирана исхрана, диети за слабеење, слабост поради долготрајна патологија, интензивна спортска активност итн.
СОСТАВ: 11 минерали – кои имаат функција како клеточни био-регулатори бидејки се директно вклучени во стотици ензимски реакции дејствувајќи синергички со витамините, а во исто време ја зголемуваат и нивната ресорпција. Неопходно е да се внесуваат со исхраната бидејќи организмот не може да ги произведува. 15 витамини – кои го стимулираат и го регулираат метаболизмот преку ензимските системи во кои се составен дел. Се сметаат за есенцијални миконутриенти бидејки нашиот организам не е во можност да ги синтетизира, или ги синтетизира во недоволни количества.
19 фитонутриенти (растителни екстракти) – спирулина и ехинацеа се стимулатори на имунитетот, плод од кајсија, ананас, портокал, лимон, банана, јагода, малина, јаболко, тиква, грашок, домат, спанаќ, корен од морков и зелен чај.