– Во тренингот вклучувајте се постепено, така што вежбањето ќе го дозирате и постепено ќе го зголемувате
– За време на вежбањето, внесувајте повеќе течности, најдобро оние богати со електролити
– Истегнување (пред/после вежбање) или загревањето пред вежбањето не ја намалуваат можноста за појава на болки во мускулите после преголемата физичка активност. Сепак, адекватното истегнување на мускулите ги подготвува мускулите за мускулни напори и ја намалува можноста за нивни повреди за време на вежбањето.
– Додека трае болката во одредени мускулни групи, акцентот на вежбањето ставете го на други, помалку користени мускулни групи кои не ве болат. Кога ќе почувствувате дека имате воспаление во мускулите, одморете, но најмногу еден ден, никако повеќе. Верувале или не, воспалението побрзо ќе исчезне со тренирање. По исцрпувачките напори кои што се стресни за телото, останува фазата на опоравок која многу спортисти и тренери не ја сфаќаат сериозно и многу малку и посветуваат внимание.
Попрецизно кажано, предолго им е времето за рехабилитација и постојано бараат пократок пат преку додавање на разни средства во исхраната. Иако дополнителни средства можат да помогнат да се опорави организамот па дури и да го забрзаат и вратат во нормала, постојат ограничувања кои не можат да се скратат.
Која е целта на таквите додатоци?
· Рехабилитација на последиците од стресот
· Поправка на оштетените клетки и ткива
· Враќање на потрошената енергија
· Осигурување на “градежен” материјал за синтеза
Од ова не е тешко да се заклучи што треба да содржат таквите додатоци (антиоксиданси, јаглехидрати и протеини, глутамин и разни други заштитни елементи како што се BCAA, женшен, итн.). Оваа категорија на додатоци е добро развиена на пазарот и е покриен целиот спектар на повеќе или помалку скапи производи. Мерки кои може да ги превземете за намалување на запалението после физичка активност и опуштање на мускулниот систем се користење на гел или крема за масажа и подобрување на циркулацијата како и редовно конзумирање на суплементи кои содржат магнезиум, цинк, калиум и Витамин Ц.