Стомакот на човекот е полн со телесна течност која ги активира дигестивните ензими со помош на кој се разградува храната која е конзумирана. Но, прекумерената стомачна киселина може да предизвика низа проблеми и симптоми кои предизвикуваат болка. Најпознат и најчест симптом од овој тип е чувството на печење во близина на срцето. Прекумерената стомачна киселна истекува во хранопроводот и предизвикува непријатно чувство на печење. Добар начин да се ослободите од прекумерента стомачна киселина е да не претерувате со лута храна. Лутото може да предизвика воспалување на ткивото во хранопроводот. Ние препорачуваме да ги следите овие чекори и совети за успешно да го регулирате pH нивото во вашиот организам.
1. Запознајте се со причините за прекумерена стомачна киселина.
• Одредени промени во начинот на живот може да бидат доволни за успешно регулирање на нивото на киселина во стомакот.
• Дехидрираност на телото е една од главните причини кои водат до прекумерена киселина. Водата има неутрална pH вредност што значи дека не е ниту киселина ниту база. Кога телото има доволна количина на вода може по природен пат да го регулира нивото на киселина.
• Неприродното губење на течности може да предизвика прекумерена киселина. Исто така кога телото не добива доволно храна е принудено одново да ја процесира веќе сварената храна за што му е потребно поголемо количество на киселина. Подобрување на начинот на живот, односно конзумирање на редовни оброци и внесување на доволно течности е ефективен начин за решавање на проблемот со стомачната киселина.
2. Дознајте ги симптомите кои најчесто се јавуваат како резултат на прекумерена стомачна киселина.
• Чувство на печење во хранопроводот, надуеност, прекумерени гасови, гадење, чувство на прејаденост или појава на чиреви.
• Други симптоми се лош здив, косопаст, често подригнување или назална конгестија.
• Сите овие симптоми може да послужат како индикации дека стомачната киселина треба да биде регулирана.
3. Дознајте ги факторите кои придонесуваат за прекумерена стомачна киселина.
Храната која што ја јадете може да го зголеми количеството на стомачна киселина доколку храната е тешка за варење или содржи повеќе киселини. Лутата и солената храна се дел од овие фактори.
4. Отстранете ги навиките кои се лоши за вашето здравје.
• Пушењето може да резултира со чувство на печење во хранопроводот и други проблеми со стомакот.
• Намалете со конзумацијата на алкохолни пијалоци.
5. Потрудете се да ги конзумирате редовно вашите оброци и притоа јадете разноврсна здрава храна наместо лута и солена брза храна.
Храната која што е богата со хранливи влакна помага да се регулира дигестивниот систем и да се намали количеството на киселини во стомакот.
6. Напијте се чаша полномасно млеко за да го смирите желудниот кога имате киселини.
7. Постојат повеќе препарати за справување со киселините.
Треба да го одберете вистинскиот во согласност со вашата крвна група. Два основни типови се оние кои што се базирани на Калциум и оние кои што се базирани на алуминиум хидроксид. Некои луѓе се почувствителни на калциум додека други пак се загрижени за прекумерено внесување на алуминиум хидроксид во организмот. Доколку често ви се јавува чувство на печење во хранопроводот консултирајте се со вашиот лекар кој препарат повеќе би ви одговарал.
Препаратите против киселни може да се конзумираат во вид на апчиња или течност. Дозирањето е една до две таблети после голем оброк или една кесичка од растворот. Ние Ви ги препорачуваме препарати од BiosLine на природна база кои се супер ефикасни и немаат никакво штетно дејство.
8. Доколку чувството на печење ви се јавува секојдневно значи дека имате оштетување на хранопроводот поради изложеноста на киселини подолго време.
Хранопроводот може да се регенерира, но потребно е да не биде изложен на киселини. Почнете да пиете препарат против киселини за да започне регенерирањето.
9. Џвакајте мента/нане за да го стимулирате варењето и да ги намалите симптомите на прекумерена стомачна киселина.
10. Јадете ги вашите оброци полека за да избегнете внесување на прекумерено количество воздух.
Кога стомакот се полни со воздух ја турка киселината нагоре и тогаш може да се случи истекување на истата во хранопроводот. Доколку јадете и пиете полека значително ќе ја намалите количината на воздух кој го внесувате.
11.Избегнувајте големи оброци.
Прејадувањето до “не можам веќе” го принудува стомакот да лачи уште повеќе киселина за да успее да го свари целото количество кое што е внесено. Тоа ги зголемува шансите за истекување на киселината во хранопроводот.
• Доколку јадете поспоро ќе сфатите дека помалку храна ви е потребно за да се најадете и евентуално да стигнете до стадиумот “не можам веќе”.
12. Избегнувајте газирани пијалоци и мешунки бидејќи го зголемуваат количеството на гасови во стомакот.
Зголеменото количество на гасови во стомакот не предизвикува создавање на киселина, но може да ја пренесе киселината до делови од организамот кои се чувствителни на киселина.
13. Релаксирајте се и правете работи кои ви помагаат да го намалите стресот.
Зголеменото ниво на стрес може да предизвика создавање на стомачна киселина. Чиреви, рани и лезии во внатрешноста на стомакот и хранопроводот се често резултат на стрес.
14. Спортувајте редовно.
Вежбањето е важно за одржување на целокупното здравје и значително ќе ви помогне да ги намалите проблемите со варењето на храната и е одличен начин за ослободување од стресот. Пиењето на течности додека сте активни е многу важно.
15. Чувството на печење во хранопроводот може да биде и резулатат на здравстен проблем поврзан со варењето на храната.
Вашиот стомак може да ја вари храната поспоро или да има потешкотии со варење на одредена храна која ја конзумирате. Консултирајте се со вашиот лекар доколку ги превземавте сите овие чекори и сеуште имате проблем со прекумерена стомачна киселина.